Дваесет и два милиони евра од ЕИБ кредитот пристигнуваат во четврток

Bez autora
Nov 07 2012

Дваесет и два од договорените 100 милиони евра кредитна линија од Европската инвестициска банка, пристигнуваат и ќе бидат на располагање на македонските компани од четврток. Ние со Европската инвестициона банка договоривме кредитна линија од 100 милиони евра. Дваесет и два милиони евра од овие 100, треба да пристигнат веќе утре, треба да бидат пуштени за вкупно 101 компанија во Македонија, од коишто според пресметките на луѓето од Министерството за финансии би требало да се овозможи отворање на околу 480 нови работни места. Oваа кредитна линија влегува во една конкретна реализација, а во оној момент кога оваа кредитна линија ќе биде исцрпена и потрошена, Владата е веќе подготвена во финишот на исцрпување на оваа кредитна линија да обезбеди нова кредитна линија со субвенционирана камата од 5,5 отсто.

Дваесет и два милиони евра од ЕИБ кредитот пристигнуваат во четвртокДваесет и два од договорените 100 милиони евра кредитна линија од Европската инвестициска банка, пристигнуваат и ќе бидат на располагање на македонските компани од четврток, најави премиерот Никола Груевски.

„Ние со Европската инвестициона банка договоривме кредитна линија од 100 милиони евра. Дваесет и два милиони евра од овие 100, треба да пристигнат веќе утре, треба да бидат пуштени за вкупно 101 компанија во Македонија, од коишто според пресметките на луѓето од Министерството за финансии би требало да се овозможи отворање на околу 480 нови работни места", рече Груевски, по презентацијата во лабораторијата за роботика на ФИНКИ.

Според него, оваа кредитна линија влегува во една конкретна реализација, а во оној момент кога оваа кредитна линија ќе биде исцрпена и потрошена, Владата е веќе подготвена во финишот на исцрпување на оваа кредитна линија да обезбеди нова кредитна линија со субвенционирана камата од 5,5 отсто.

„Во ова тешко време на европска должничка криза, навистина, пристапот до кредити е отежнат за македонските компани. А исто така, и каматната стапка е пониска од пазарната, таа е 5,5 отсто и претставува на некој начин една директна помош на македонските компании, во ова време кога ги чувствуваме ефектите од европската должничка криза", рече Груевски.

Ова е трета кредитна линија, која е обезбедена од ЕИБ за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Претходно беа успешно реализирани две кредитни линии, првата од 100 милиони евра, а втората од 50 милиони евра.

Компаниите може да поднесуваат барања во Стопанска банка Скопје, НЛБ Тутунска банка, Комерцијална банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Прокредит банка, ТТК Банка и Халк Банк.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik